Бошкоски ја виде Јованка Броз, Трајковски ќе штрајкува со глад

Од:

Зоран Трајковски- Филмот му најави на Судскиот совет во досието „Ровер“ дека ќе започне штрајк со глад затоа што процесот се одолговлекува и денеска по втор пат беше одложен за 20-ти мај. Но како причина го наведе и нееднаквиот третман на судот кон обвинетите.

Трајковски се налути откако слушна дека рочиштето одново ќе се одложи затоа што еден од обвинетите Никола Негриевски е хоспитализиран и ќе му се прави операција на бубрезите.

Со оглед дека адвокатката на Негриевски не знаеше до кога нејзиниот клиент ќе остане во болница, судот немаше друга опција освен да закаже нов датум со задолжување адвокатката уште утре да го извести судот каква е состојбата на Негриевски и каква прогноза даваат лекарите за негово опоравување.

Кога сите станаа да ја напуштат судницата Трајковски гласно укажа дека ќе почне да штрајкува, затоа што се уште е во притвор, додека некои од обвинетите се на слобода. Потоа напомена дека не му се пружа адекватна медицинска помош.

Пред стартот на рочиштето пак, Љубе Бошкоски пред полната судница не испушти шанса и во негов стил ја искоментира фризурата на јавната обвинителка која му налкувала на фризурата на Јованка Броз. Во тоа препозна симболика со денешниот 9-ти мај, денот на победата над фашизмот.

Инаку на дневен ред е испрашување на еден од сведоците на Јавното обвинителство кој поседува ЦД со снимен материјал на кој наводно се дознавало кои се мотивите на ликвидацијата на Марјан Тушевски и Киро Јанев и зошто некои од обвинетите имале мотив да ја кријат истрагата. Потоа ќе следуваат сведоците на одбраната.

Би можело да ве интересира

Испукани три куршуми кон таткото на киднапираниот Самоил, еден го погодил во глава, еден во рамо: Костадиновски ќе биде опериран

A1on

(ВИДЕО) Детали за инцидентот во Лисиче: Напаѓачот пукал кон таткото на Самоил, паднал од мотор и избегал

A1on

Едно лице пукало пред домот на Самоил Костадиновски, повредениот е во болница, потврдија од МВР

A1on

Пукано кон таткото на исчезнатиот внук на Љубе Бошкоски

А1он

Обединети за Македонија: Груевистичките мегафони не стивнуваат

ВИДЕО: Го бара ли некој киднапираниот Самоил – И по еден месец се уште ни трага од него

Анита Петровска Рајковиќ