Бошкоски: Да се помолиме за подобри времиња и надминување на сите премежја

Од:

Претседсателот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски од негово име и од името на OM, од се срце на сите верници им го честита најголемиот христијански празник, Воскресението Христово – Велигден.

– Ја славиме победата на доброто над злото, животот над смртта. Велигден ни носи порака за љубов и разбирање, помагање и поддршка. Тоа е и основата на Христијанството, кое со години му дава дух на македонскиот народ. Да се помолиме за подобри времиња и надминување на сите премежја, какво е и ова со кое се соочуваме. Велигден го славиме кога човештвото се соочува со голема закана. Во ова време-невреме, да си помагаме, чуваме најблиските и себеси. Да останеме разумни и да ги почитуваме препораките. Со тоа ги почитуваме и нашите роднини, пријатели – нашите најблиски. Нека овој празник ви донесе љубов, среќа, разбирање, здравје и благосостојба. Само така ќе не биде како народ, сплотен и нескршлив, вели Љубе Бошкоски, Претседател на Обединети за Македонија.

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска

ОМ против најавената промена на називот на улицата „Борис Сарафов“ во „4 Јули“

Ана Ололовска