Бошкоска: На Љубе му местат уште една монтажа за предавство

Од:

„Деновиве, власта на големо подготвува уште една монтажа за Љубе Бошкоски слична на таа што ја направи со дел од снимката од испитувањето во Пула, а со цел Љубе повторно да се се претстави како предавник“, пишува до медиумите сопругата на Љубе Бошкоски.

„Во моментов се случува невидена хајка врз Љубе Бошкоски. Иако веќе е осуден со затворска казна во монтиран процес, власта врши силни притисоци врз поединци да се појават како заштитени сведоци и да кажат дека Љубе Бошкоски стои зад убиството на Марјан Тушевски, се врши силен притисок врз сведоци да одат во Хрватска и да сведочат против Љубе, а последна е операцијата за негово повторно оцрнување“, пишува таа.

„Станува збор за снимен материјал од разговорот со заштитениот сведок во случајот „Кампања“, истиот материјал кој ни адвокатите на Бошкоски не можеа да го добијат. Но затоа деновиве интензивно се подготвува стратегија, истиот материјал, измонтиран да се појави „случајно“ на интернет, а дел од провладините медиуми исто „случајно“да го пронајдат и да ја завршат работата како што беше случајот и со „предавството на Тарчуловски“, пишува во соопштенито до медиумите.

Бошкоска напоменува дека „потребно е власта да знае дека таа е единствена што одговара за појавување на било каков материјал, посебно материјал кој не ги отсликува настаните реално како се случиле“.

Според неа одговорноста за вакво „незаконско дејствие“, ќе мора да ја понесат обвинителството, основниот суд Скопје 1 и сите што биле задолжени да ја чуваат тајноста на маетријалот.

„Целата на овој невиден прогон на државната власт може да биде само едно, да се оправда затворањето на Љубе во услови кога сите знаат дека е политички монтиран и нарачан случај. Затоа сега треба да се направи и убиец, и на Тушевски и во Раштански, па меѓународната јавност која го осуди прогонот треба да се убеди дека тој е криминалец и дека партијата на власт не погрешила. Домашната јавност пак како за случајот со „предавството во Хаг“ треба да „види“ дека власта добро постапила со „предавникот“ откако ќе се појават снимките на интернет во кои тој наводно работи против интересите на Македонија“, пишува Бошкоска.

„Во сето ова само постои една непозната, која власта не ја пресметува. Тоа е дека нема да се вечно на власт. Сета вистина еднаш ќе излезе на виделина, и за Хаг дали бил предавник или пак ги заштитил многумина и за „Кампања“ и за другите случаи и за тоа кој бил заштитениот сведок и како станал сведок воопшто..Вистината, ќе излезе во јавноста, кога тогаш“пишува во соопштението.

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска

ОМ против најавената промена на називот на улицата „Борис Сарафов“ во „4 Јули“

Ана Ололовска