Борисов: Веќе се чувствува позитивен резултат во нашите односи по Договорот

Од:

Само една година откако го потпишавме Договорот за пријателство, соработка и соседство, веќе се чувствува позитивен резултат во нашите заемни односи, изјавил премиерот на Бугарија Бојко Борисов за време на средбата со македонскиот премиер Зоран Заев попладнево во Благоевград, каде што се одбележуваат 115 години од Илинденското востание.

Повикувајќи се на прес-службата на бугарската Влада, Бугарската новинаска агенција-БТА пренесува дека Борисов искажал задоволство од новиот дух на соработка кој, како што рекол, заживеал трајно во односите меѓу Бугарија и Република Македнија по потпишувањето на Договорот.

Според него, веќе се очигледни позитивни ефекти во односите во трговската размена и турзимот меѓу двете држави.

На средбата, исто така, било разговарано за состојбата на граничните контролни пунктови меѓу Бугарија и Македонија, за подобрување на нивната работа и за отворање нови.

Двајцата премиери попладнево учествуваат на заедничко чествување на 115-годишнината од Илинденското востание пред споменикот на Гоце Делчев на плоштадот „Македонија“ во Благоевград. Тоа е втора заедничка прослава, по потпишувањето на Договорот за пријателство, соработка и соседство меѓу Република Бугарија и Република Македонија пред една година.

На чествувањето учествува и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а од бугарска страна – министерот за одбрана Красимир Каракачанов и градоначалникот на Благоевград Атанас Камбитов.

Фото: Бгнес

Би можело да ве интересира

САД и ЕУ постигнаа трговски договор

Горан Наумовски

ЕК покрена три нови постапки против Бугарија поради кршење на прописите на ЕУ

А1он

Трамп објави трговски договор со Јапонија: Ќе инвестира 550 милијарди долари

Со заедничка резолуција во Европскиот парламент ќе покажеме дека сме добри соседи со Бугарија, вели Мицкоски

Муцунски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија до Европскиот парламент е стигнат и сега Софија е на потег

(ВИДЕО) Во Бугарија запленети 206 килограми кокаин во вредност од околу 18 милиони евра

А1он