Борисов разговараше со Заев за несреќата: Подготвени сме да испратиме хеликоптер

Од:

Бугарскиот премиер, Борко Борисов, телефонски разговарал со премиерот Зоран Заев за несреќата со паднатиот авион во кој загина семејство од Бугарија, јавува БТВ.

„Од синоќа сме во комуникација, прават сè што е возможно да стигнат до паднатиот авион. Нашиот хеликоптер е подготвен од синоќа. Засега се смета дека ќе стигнат, иако локацијата е многу тешко пристапна. Се надевам дека ќе успеат најбргу што може за да ја видиме и причината за несреќата“, изјави Борисов.

„Во постојана комуникација сме со колегите од Република Северна Македонија. Се прави увид на местото и се работи на утврдување на причините за несреќата“, рече на прес-конференција бугарскиот министер за внатрешни работи, Младен Маринов.

Од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, тој вели дека добил уверување дека Северна Македонија располага со ресурси за да може да се справи со првите и неодложни дејствија, дека Бугарија ѝ понудила помош и е на готовс за сè што е потребно за помош во текот на увидот и истражните дејствија, како и тоа дека ќе се врши проверка за техничката исправност на леталото.

„Цесната” која се урна вчера на Солунска Глава, при што загина семејство од Бугарија, се наоѓа на непристапен терен и засега нема услови да се извлече. Локацијата е целосно обележана, а експерти од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења на МВР и од Комитетот за истражување воздухопловни несреќи и сериозни инциденти ќе ги вештачат остатоците од авионот, со цел да се утврдат причините за авионската несреќа.

Би можело да ве интересира

ЕК покрена три нови постапки против Бугарија поради кршење на прописите на ЕУ

А1он

Со заедничка резолуција во Европскиот парламент ќе покажеме дека сме добри соседи со Бугарија, вели Мицкоски

Муцунски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија до Европскиот парламент е стигнат и сега Софија е на потег

(ВИДЕО) Во Бугарија запленети 206 килограми кокаин во вредност од околу 18 милиони евра

А1он

Ќе се гради прекуграничниот тунел помеѓу Ѓуешево и Деве Баир на пругата од Коридорот 8

Горан Наумовски

Бугарија: Пожар зафати 25 куќи, наредена е масовна евакуација