(ВИДЕО) Борисов: Кога двете Кореи можеа да се ракуваат, можеме и ние на Балканот

Од:

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, го посочи примерот со Северна и Јужна Кореја како позитивен за решавање на билатералните прашања и порача дека е крајно време да ѝ се покаже на ЕУ оти самите држави можат самостојно да ги решат отворените проблеми.

„Она што се случи во Косово беше неприфатливо, ги молев двајцата лидери да најдат договор, да не дојдеме до точка некој да го опструира процесот. Ако девете Кореи најдоа начин да ги решаваат прашањата, а до неодамна си имаа упатено воени бродови, но донесоа историска одлука да се ракуваат, зошто не и ние“, рече Борисов.

Тој го посочи примерот со договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија како позитивен пример на Балканот и додаде дека се надева оти Македонија и Грција што побргу ќе изнајдат прифатливо решение за спорот за името.

Би можело да ве интересира

Состанок на лидерите од Процесот Брдо-Бриони утре во Скопје

Катерина Ѓуровски

Борисов: Бугарија е во тежок период

А1он

Борисов поднесе оставка: Се откажува од пратеничката фотелја

А1он

Борисов за формирање коалиција по изборите во Бугарија: Не мора да бидам премиер

А1он

Борисов: Победата на ГЕРБ е морална

А1он

Борисов: Бугарите да не бидат наивни, Василев и Петков извлекоа стотици милиони од државата

А1он