Борисов доаѓа во Македонија на средба со Груевски

Од:

Бугарскиот премиер Бојко Борисов доцна попладне доаѓа во Македонија на неформална средба со претседателот на македонската Влада Никола Груевски.

Борисов во изјава за бугарската телевизија „Нова“ истакнува дека нема ништо тајно во посетата на Македонија, потсетувајќи оти пред неколку дека спомнал дека телефонски разговарал со Груевски и дека наскоро ќе се сретнат.

– Нема ништо тајно, едноставно доаѓам да се видиме и да поразговараме, без почести и помпезности. Да седнеме како пријатели и да поразговараме. Мислaм дека тоа е добар, а не лош гест, изјави Борисов.

Една од главните теми на средбата на двајцата премиери се очекува да бидат и македонско-бугарските разговори за склучување спогодба за пријателство и добрососедство, кои, како што оцени Борисов, напредуваат добро.

Бугарскиот премиер ќе дојде во Македонија во придружба на шефот на дипломатијата Николај Младенов.

Би можело да ве интересира

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Шок во Бугарија: Радев даде оставка

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Колона возила кај граничниот премин Делчево поради електронска проверка на патници без ЕУ пасоши

Бугарија: Акцискиот план за заедниците во Македонија не треба да биде спор поради јазикот на документот

Од денеска во Бугарија се плаќа во евра