Борис Георгиевски: Нов ден за нови лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Димче Арсовски.

Од:

„За на Димче Арсовски му бидат појасни некои работи уште еднаш да му ги повторам. Јавниот повик за поставување на нови лед светилки и јавниот повик за тековно одржување на постојните линии се две сосема различни работи“, реагира поранешниот градоначалник на Гази Баба, Борис Георгиевски на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Со повикот за поставување на лед светилки се опфатени дел од уличните единици, што значи дека логична е потребата од јавен повик за тековно одржување на преостанатите линии со натриумови светилки.

Фирмата пред авансното плаќање на 20% од сумата до општината согласно договорот достави банкарска гаранција.

Да повторам авансното плаќање е предвидено во тендерските услови и служи за набавка на дел од техничката опрема предмет на јавната набавка, бидејќи остатокот од инвестицијата предвидено е да се плаќа одложено на 36 рати и тука повторно нема ништо спорно.

Би ве запрашал вас Димче Арсовски зошто денес и покрај активен договор за лед светилки, вашиот градоначалник во буџетот исто така има предвидено средства за тековно одржување на уличното осветлување?

Зошто вашиот градоначалник нема издадено ниту еден налог за поставување на лед светилки со што на годишно ниво во буџетот само од овие светилки се заштедува 35% од вкупната сума?

Почитуван Димче Арсовски јас немам ништо против вие да продолжите со дневите лаги. За секоја од нив ќе се видиме на суд.

Јас за разлика од вашите кадри не сум набавувал динамити. Сум работел посветено за секое населено место кое вие како партија 20 години го заборавивте. Доказ за тоа се канализационите и водоводни системи кој се изградени или започнати, а денес таму се слика вашиот нов градоначалник.

Неспособноста и незадоволството од арогантноста на вашиот нов градоначалник не ми ја препишувајте мене со вашите дневни лаги.

Одговорете им на граѓаните зошто повеќе од 10 дена населените места на Скопска Црна Горна немат вода. Одговотете им на граѓаните зошто вашите партиски членови во Управниот одбор на градинката Детска радост не дозволуваат да се усвои годишниот план за јабни набавки оставајќи ги децата без храна.

Ако ги немате одговорите на овие прашања на некој од следните прес конференции прашајте го вашиот нов градоначалник“, се додава во реакцијата на Борис Георгиевски.

Би можело да ве интересира

Пожар во парк шумата „Гази Баба“

Горан Наумовски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање