Борис Георгиевски до Димче Арсовски: Не е лесно да си портпарол во партија поврзана со многу криминални афери

Од:

„Тоа што вашите градоначалници овие скоро 100 дена не дадоа никакви резултати па немате со што да се фалите не ви дава право да лажете. Господине Димче Арсовски јас уште пред три дена повикав општината да направи комисија и на терен да изврши надзор и проверка за реализацијата на јавинот повик за одржување на уличното осветлување“, реагира поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Борис Георгиевски на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Кога човек е чист секоја ваша лага е залудна. Ниту јас се бранам ниту пак има потреба мојата партија да го прави тоа, затоа што вистината е на моја страна. Добро е што барем си признавте дека сите овие години како портпарол на ВМРО ДПМНЕ сте ја имале задачата да го браните криминалот во вашата партија. Не е лесно да си портпарол во партија поврзана со многу криминални афери.

Ако вашите партиски другари се такви не значи дека сите се исти. Но како и да е, сѐ што досега кажа ќе треба на суд да го докажеш.

Почитуван Димче Арсовски кога веќе сте дошле до дворот на општината влезете внатре и прашајте го вашиот градоначалник зошто нема издадено налог за поставување на лед светилки. Прашајте го зошто и покрај активен договор за лед светилки во новиот буџет обезбедил 20 милиони денари за одржување на уличното осветлување?

Не заборавајте да го прашате зошто сака да ја затвори градинката во Стајковци или пак зошто децата од градинката Детска радост може да останат без храна.

Не заборавајте дека вие сте сега власт во Гази Баба и редно е веќе почнете да работите нешто од она што сте го ветиле пред граѓаните“, се додава во реакцијата на Борис Георгиевски.

Би можело да ве интересира

Пожар во парк шумата „Гази Баба“

Горан Наумовски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање