Борел: Не можам да ви ветам датум, но можам да ветам волја за брз почеток на преговорите

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, кој престојува во посета на земјата порача дека е потребен почеток на преговорите за пристапување на Македонија и Албанија, но не може да вети датум.

„Мојот став е дека треба да почнеме што поскоро со формални разговори за пристапување на Северна Македонија и Албанија. Се надевам дека тоа ќе се случи на идната конференција“, порача Борел додавајќи дека не може да вети датум, но може да ви вети волја. Таму каде што има волја, рече Борел, има и начин.

Борел го поздрави новиот импулс меѓу Македонија и Бугарија за решавање на спорот, повторувајќи ја пораката дека проширувањето не може да продолжи ако е попречено од билатерални прашања, дури и ако се засновани на етничко-лингвистички согледувања.

Ја пофали и позицијата на Македонија во однос на руско-украинскиот спор.

„Тоа што се усогласивте со рестриктивните мерки, јасно ја покажува вашата посветеност кон вредностите на ЕУ и ве става на патот кон Европа не само како кандидатка за членство, туку и како одговорен член на меѓународната заедница“, изјави Борел.

Според него, ова е момент за будење на Европа. Рече дека војната на Путин не се однесува само на Украина, туку дека се работи за непочитување на меѓународното право и принципите, како и за стабилноста и безбедноста на Европа.

– Северна Македонија, како членка на НАТО и земја-кандидат уште од првите денови на конфликтот ја постави својата позиција во линија на своите сојузници од ЕУ, САД и НАТО. Силно ја осудивме воената агресија на Русија врз Украина и ги активиравме санкциите кон Руската Федерација.Во овој контекст, Европската унија и сите земји членки треба да делуваат стратешки и храбро и да повикаат на интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија. Единствено Европа која е целосно обединета може да е силна Европа. Сегашната состојба на статус-кво e состојба која никому не оди во прилог, порача премиерот Ковачевски на заедничката прес конференција.

Неопходно е рече Ковачевски Македонија да има кристално јасна европска перспектива за што очекуваме засилен ангажман од нашите пријатели како г. Борел. Во таа насока, денес ја потврдуваме нашата европска визија и нашето единство, сплотеност и солидарност со европските земји и нашите ЕУ и НАТО сојузници.

Би можело да ве интересира

Борел: Европската Унија и испрати на Украина 650.000 гранати

Горан Наумовски

Борел го осуди нападот на израелските доселеници врз палестинското село, се закани со санкции од ЕУ

Борел: Сакаме да ја видиме Северна Македонија како напредува кон ЕУ

Катерина Ѓуровски

Борел: Орбан не ја претставува ЕУ во Москва

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија