„Борбата трае“ ќе биде мотото на државната прослава на 2 Август

Од:

Во пресрет на одбележувањето на еден од најголемите национални празници во Република Македонија, 2ри Август – Денот на Републиката, сакаме да Ве информираме за активностите кои ќе се одржат под слоганот „Борбата трае“ информираа од прес службата на Владата.

– Централната манифестација, како и секоја година, ќе се одржи на 2ри Август во Крушево, на месноста Гумење, на Мечкин Камен. На оваа свеченост обраќање ќе има Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Оваа манифестација претставува значаен момент за сите граѓани на нашата држава каде ќе се оддаде почит на хероите кои ја обележаа нашата историја.

Претседателот на државата, Гордана Сиљановска Дафкова ќе го посети манастирот Свети Прохор Пчињски и ќе има свое обраќање на манифестацијата по овој повод на Пелинце. Нејзиното обраќање ќе биде посветено на историското значење на овој празник и на важноста од зачувување на националниот идентитет и традиции.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на претседателот на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто на плоштадот „Македонија“ и ќе има свое обраќање на манифестацијата по овој повод која ќе се одржи пред зградата на Собранието. Овој чин ќе биде симбол на почит и сеќавање на нашите предци кои ги поставија темелите на нашата држава.

Со слоганот „Борбата трае“ сакаме да ја пренесеме пораката дека стремежот за напредок, слобода и благосостојба на нашата држава продолжува, потпирајќи се на историските основи и борбата на нашите предци, се вели во соопштнието.

Би можело да ве интересира

Државна делегација предводена од потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска во манастирот Прохор Пчински

Сиљановска-Давкова од Мечкин Камен: Македонската држава не е стебло без корен, таа е вкоренета во демократските и хумани визии на Гоце Делчев и неговите соборци

Одбележување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Илинден нека обединува и потсетува каква држава треба да оставиме на генерациите по нас

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

Предраг Петровиќ

Бендевска наместо Гаши на Пелинце и во Прохор Пчински за Илинден

Катерина Ѓуровски