Апелацискиот суд донесе одлука прислушуваните разговори, односно „бомбите“ да се користат како доказ во судската постапка и во случајот за изборни нерегуларности „Титаник“.
Тоа е спротивно од вчерашното барање поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска кои на вчерашната јавна седница побараа овие разговори да не бидат користени како докази, со оглед дека и тие биле жртви на прислушувањето.
СЈО поднесе жалба откако Кривичниот суд на 20 октомври ги отфрли „бомбите“ како доказ за „Титаник“. Во овој случај освен Јанкиески и Јанкулоска обвинети се и Никола Груевски и Мартин Протоѓер.