Војникот за кој има сомнеж дека е заразен со јужноафриканскиот сој, пристигна во Скопје

Од:

55-годишниот македонски војник позитивен на Ковид-19 сомнителен на јужноафриканскиот сој рано утрово пристигна во Македонија, објави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

-Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во Скопје. Добро го поднесе летот и сместен е на Инфективната клиника. Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ не’ информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и стабилен. Му посакувам брзо да оздрави. Благодарни сме на Инфективната клиника и на сите кои учествуваа во медицинската евакуација, напиша Шекеринска.

Заразениот војник беше транспортиран под посебни услови и протоколи и ќе биде во изолација, а целиот персонал на Клиниката за инфективни болести добил препораки строго да внимава и да се придржуваат кон протоколите за работа.

Заразениот војник заедно со уште еден војник бил во мисијата на Европската Унија за обучувачи во Централноафриканската република.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он