Болничар од штипското Инфективно одделение позитивен на Ковид -19

Од:

Болничар од Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип е позитивен на коронавирус потврди директорот, Ален Ѓеорѓијев. Негативен е резултатот за младиот лекар инфектолог, а останaтите 12 медицински лица од ова одделение ќе се тестираат на утврдени датуми.

МИА претходно информираше деца вкупно 14 здравствени работници, од кои двајца инфектолози, осум медицински сестри и четворица болничари се во домашен карантин, откако имале контакт со 80-годишна жена од Штип, која во вторникот ја загуби битката со коронавирусот на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Здравствените работници во самоизолација се од минатата недела, а следеше и целосна реорганизација на ова одделение. На инфектологот, кој немал контакт со сега починатата пациентка на помош и доаѓа специјалист инфектолог од Општата болница во Струмица.

На Инфективното одделение во штипската болница од денеска се лекуваат вкупно осум пациенти, од Штип и Кочани позитивни на коронавирус. 

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му