А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Болеста на обвинетиот Сашко Марковски го одложи судењето за „27 април“

by А1он31/10/2018 - 10:43336
Share0

Судењето за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година денеска е одложено поради отсуство на обвинетиот Сашко Марковски, кој е задржан во болница откако на вчерашното рочиште му се слоши и беше повикана брза помош.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во судница не се спроведени и останатите обвинетите кои се наоѓаат во притвор.

– Со оглед дека Сашко Марковски е хоспитализирани и потребни се уште неколку испитувања се одложуваат денешното и рочиштето закажано за утре. Судењето продолжува на 2 ноември во 10 часот, изјави претседателката на судечки совет Добрила Кацарска.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со прегледување на видео снимки од безбедносните камери во Собранието.

Следете a1on на Youtube YouTube

За случајот „27 април“ обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

27 april

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Горан Наумовски27/04/2026 - 13:11

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

Горан Наумовски27/04/2026 - 12:29

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Горан Наумовски27/04/2026 - 11:06

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Катерина Ѓуровски26/04/2026 - 18:16

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски01/11/2025 - 10:5901/11/2025 - 11:00

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски07/02/2025 - 09:1107/02/2025 - 10:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто