„Бојкотирам“ го минира протестот на Конфедерацијата на синдикати

Од:

Неколкумина претставници на здружението „Бојкотирам“ дојдоа на протестот на Конфедерацијата на синдикати пред МТВ, за да дадат поддршка. Побараа да зборуваат, но организаторите од Конфедерацијата им објаснија дека се работи за синдикален протест, на кој е прикладно да зборуваат само претставниците на синдикалните организации и работници.

„Ако ви дозволиме, протестот ќе го обоиме политички, но преед Владата можете пред работниците да си кажете се што имате“, им укажаа синдикалците на „Бојкотирам“.

Тоа ги разлути бојкотирачките кои вклучија озвучување што самите си го носат со куфер, одат зад синдикалците и им го минираат протестот.

„Ни стана јасно за какви синдикалци се работи кога не ни дозволија да зборуваме. Ова е шминка проест. Каква држава такви синдикалци“, рече Ана Бобинковска од „Бојкотирам“.

„Бојкотирам“, ги следеа демонстрантите на Конфедерацијата до крстосницата кај Мавровка, по што сврета лево кон МАНУ, а демонстрантатите продолжија кон Владата.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Улични војни“ во светските градови: Протестите ескалираа, полицијата употреби сила

„За плата се бориме, не се молиме“, работниците на првомајки протест

“Сакам да работам“ со честитка за 1 мај бара реално согледување на фактите за игрите на среќа

Првомајски протест на Синдикатите, посебен режим во Скопје

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај