Бојко Борисов достави до Собранието предлог за кревање на ветото за Македонија

Од:

Пратеничките групи на ГЕРБ и ДПС до канцеларијата на Народното собрание доставија два проекта за решавање на спорните прашања меѓу Софија и Скопје, јави известувачот на БГНЕС.

Документот на ГЕРБ е наречен „Нацрт-акција на Советот на министри за одобрување на нацрт-преговарачката рамка и нацрт-заклучок на Советот на ЕУ за европска интеграција на Република Македонија“. Предлог-одлуката е поднесена утрово.

Документот на ДПС беше поднесен синоќа, како што најави лидерот на партијата Мустафа Карадаи по гласањето за недоверба со кое беше соборена владата на Кирил Петков. Документот на Движењето е наречен „Предлог-одлука поврзана со одобрување од страна на француското претседателство на нацрт-преговарачката рамка за преговори за членство на Република Македонија и Албанија во ЕУ“.

БГНЕС потсетува дека францускиот предлог се состои од три независни елементи, кои само во сет можат да одговорат на прашањето дали Северна Македонија е подготвена да ги започне преговорите за членство. Првиот документ – нацрт-заклучоци на Советот, вели дека темата „билатералните односи Скопје-Софија“ ќе биде дел од преговарачкиот процес. Овој документ, како и вториот документ – преговарачката рамка, се однесуваат на трет, клучен документ – билатерален протокол, во кој нема ништо француско и е целосно производ на договор меѓу министерства за надворешни работи на двете земји.

извор: БГНЕС

Би можело да ве интересира

Докторот Ненад Цоневски ќе одговара за „екстремна суровост кон животно“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Лекар од Македонија прегази куче во Софија, виде дека е под тркалото и продолжи да вози преку него

Катерина Ѓуровски

ВО МКИЦ во Софија отворена изложбата „Слики од под планината“ на Сергеј Андреевски

Цел мандат ли ќе барате подобра преговарачка позиција: Како „модерни“ Македонци не влегуваме во ЕУ – Филипче и Мицкоски за евроинтеграциите

Борисов: Се одвиваа многу процеси за Македонија без учество на Бугарија, се изгуби многу време

Мицкоски телефонски разговарал со Борисов, уверен е дека Бугарија ќе формира стабилна влада

А1он