Богоевски: Во сите случаи на УБК и БЈБ е прекршен законот со незаконски прислушкувани разговори

Од:

Во сите случаи на УБК и БЈБ е прекршен законот со снимање на спектакуларни апсења, со лажни сведоци, со незаконски прислушкувани разговори. Со овие постапки се кршел Уставот и Законот од страна на УБК каде шеф бил Сашо Мијалков, министер Гордана Јанкулоска и нивни блиски, изјави поранешниот шеф на тајната полиција Слободан Богоевски, кој сведочеше како оштетен на денешното судење за „Таргет-Тврдина“.

Сведокот-оштетен, рече дека во периодот од 2008 до 2015 работел во приватна фирма и бил консултант, а до СЈО има поднесено бараење за добивање инормација дали бил прислушуван.

– Од вработени во УБК бев предупреден дека моите комуникации се следат, а сум бил и физички следен. Како изминуваше времето, се повеќе добивав информации од вработени во УБК да пазам што зборам и со кого се сретнувам. Од 2009 година добив информации дека незаконски се барале ПИ-мерки против мене, рече Богоевски.

Тој рече дека него го “лепеле” за разни случаеви само за да траат ПИ-мерките.

– Овие незаконски следени комуникации беа искористени полициски да се монтира случај против мене и уште неколку други лица каде единствен доказ е дека јас сум се познавал со двајца адвокати. Во сите случаеви на УБК и БЈБ е прекршен законот со снимање на спектакуларни апсења, со лажни сведоци, со незаконски прислушкувани разговори. Со овие постапки се кршел Уставот и Законот од страна на УБК каде шеф бил Сашо Мијалков, министет Гордана Јанкулоска и нивни блиски, рече Богоевски.

Посочи дека на него му е предизвикана голема штета.

– Незаконски бев во притвор со месеци. И денес ги трпам последиците донесени од судот по наредба на Мијалков. За сите средби на Мијалков со сите обвинители и судии кои учествувале во овој предмет имам докази. Имам писмени искази заверени на Нотар кои присуствувале на тие средби. Многу пресуди се правосилни како и мојата, но се базирани од нелегално прислушкувани разговори. Барам штета за материјална штета од милион евра, истакна сведокот Богоевски.

По своето сведочење, во изјава за медиумите пред Судот, Богоевски, рече дека ова е едно од клучните предмети на СЈО, за да се дознае зошто државата организира масовно следење на комуникациите.

– Ова не е случај на следење на комуникации, од некој радознал што сака да ѕирне во нечија прватност, туку државен систем за незаконито следење на комуникациите, мотивиран од криминални, политички, економски и други цели. Како таков мора да има брз разрешница, изјави Богоевски.

Нагласи дека не се битни тие како поеднци, туку дека масовноста на следењето на преку 20 илјади, зборува, како што рече, монструозен систем и мора да има најстроги казни.

Би можело да ве интересира

Ристовска: Повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, што е директна последица на измените на КЗ

Мијалков нема да одговара за нелегалното прислушување, застаре делото за „Таргет-Тврдина“

Рочиштето за масовното прислушување одложенo поради законските измени, Мијалков се спасува од делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески

Повторената постапка за „Таргет-Тврдина“ одложена за утре

Амбасадата на САД го следи ослободувањето на Мијалков: Без оглед на судските одлуки, остануваат санкциите

Кристијан Ландов

Судскиот мониторинг покажува: Многу веројатно предметот за прислушкувањето и Мијалков да застари

Кристијан Ландов