Богоевски: Реформите во МВР и во државните институции носат професионалност и отчетност

Од:

Павле Богоевски денеска во изјава за медиумите рече дека за разлика од претходната практика на раководството на прикривање и заташкување на прекумерна употреба на полициска сила, денешното раководство на МВР експресно ги расчистува и истражува случаите на прекумерна употреба на полициска сила и незаконска примена на овластувања, а доказ за тоа биле и брзите расветлувања на случаите на полициско пукање во Струмица како и незаконската прекумерна употреба на полициска сила врз ненасилни демонстранти во Скопје.

– За разлика од неказнивоста, која што претходно постоеше во однос на полициските службеници и незаконската примена на сила, денес тие се еднакви пред Законот со останатите граѓани. Започнатиот процес на реформи и ослободување на заробените институции, секојдневно покажува дека полицијата мора и може да работи транспарентно, професионално, отчетно и во интерес на сите граѓани. Истовремено, сакам да напоменам дека воспоставувањето ефективни и ефикасни механизми на истражување на незаконска примена на полициска сила, но и сите други форми на незаконска и неоснована примена на полициски овластувања, никогаш не е завршен процес, односно дека секогаш може да биде подобро. Поради тоа, постојните механизми и законската регулатива треба да се надградат и треба да се прошират, да вклучат и други субјекти, кои што ќе го надополнат постојниот механизам на истражување на прекумерна примена на полициска сила, ќе ја зголемат транспарентноста на истрагите во целост, а со тоа и ќе ја зголемат довербата на граѓаните во својата полиција, рече Богоевски.

Според него, со процесите за реформирање на институциите и нивна професионализација и ослободување се остварало она што граѓаните со години го очекуваа. Како што кажа Богоевски институциите повеќе не се заробени и злоупотребени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, туку работеле слободно и во интерес на граѓаните, а секоја нивна злоупотреба темелно се истражувала и подложела на постапка за утврдување на одговорност.

– Граѓаните очекуваа одговорност и правда за сите. Денес, законите важат за сите подеднакво и секој одговара за своите постапки, заврши Богоевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он