Богоевски: Немам потреба да им се извинам на Ахмети и Џафери

Од:

Не чувствувам потреба да им се извинам на Али Ахмети и Муса Џафери, рече ексразузнавачот Слободан Богоевски на денешното судење за клевета што се води против него. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и поранешниот вицепремиер Муса Џафери во тужбата за клевета од Богоевски бараат вкупна отштета од 5,5 милиони денари.

Одбраната побара судот да ја отфрли тужбата. Богоевски, пак, рече дека тужбата е апсурдна и рече дека никогаш и никаде не зборувал за овој случај освен во Комисијата за заштита и во судот во Њујорк. Богоевски во сведочењето пред американскиот суд рекол дека во Македонија биле внесени 7,5 милиони евра за поткуп на експремиерот Владо Бучковски, Али Ахмети и Муса Џафери.

Двајцата поранешни директори на „Маѓар телеком“, Елек Штрауб и Андраш Балог, кои беа обвинети во САД дека поткупувале македонски политичари, признаа вина и се спогодија да платат глоба. И на денешното рочиште во Основниот суд Скопје 2 не се појави ниту Ахмети ниту Џафери.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски

ВРЕДИ: Али Ахмети молчи, Ислам Абази ја затвори истрагата: Кој ќе одговара за 14 жртви во модуларната болница?

А1он

ВЛЕН: Каква врска има Груби со најавите на Ахмети за повлекување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Ахмети размислува да се пензионира, го предомислуваат сопартијците: за Македонија вели треба да оди на предвремени избори

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Наместо партнерство, повторно се враќа логиката на доминација

А1он

ВЛЕН: Ахмети е алчен за власт

Горан Наумовски