Богоев: Заедништво и мобилизација за голема победа во Карпош!

Од:

Денеска се одржа средба меѓу Стефан Богоев, кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Карпош и претставници од коалициските партнери за претстојните избори.

На средбата се разговараше за текот на изборната кампања.

Позитивниот прием меѓу граѓаните на Карпош е очигледен. Тоа го потврдија и денешните средби со граѓани кои ги имаше Богоев, заедно со кандидатите за советници и претставниците на коалициските партнери кои на граѓаните им го честитаа 11 Октомври – Ден на востанието на македонскиот народ.

Воочливо е дека карпошани ќе гласаат за промени, за зачувување на зеленилото во општината и справување со урбаната мафија.

Претставниците на коалициските партнери уште еднаш ја потврдија поддршката за кандидатот Стефан Богоев и истакнаа дека и во претстојниот период, после изборите се подготвени да помогнат за враќање на духот на Карпош.
Богоев посочи дека постои вистинска карпошова мобилизација, а и самиот Јакимовски, бегајќи во два наврати од ТВ соочување само потврдува дека е завршено со него.

Вртиме нова страница, носиме нова енергија и Тим за подобар живот во Карпош за сите.

Би можело да ве интересира

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните

А1он

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината