“Жал ми е што требаше да ве заокружат, за да сфатите што зборуваме за Курир низ годиниве! Жал ми е што требаше да го потпише законот за да сфатите зошто Македонија го заслужува #Стево, а не #Хорхе! Жал ми е што требаше јавно на ТВ да му кажат “Ние не сме против вас” за да сфатите што сакаат службите да ви направат одвнатре! Жал ми е што мораше да го затворат #Кежо за да сфатите како ги замолчуваат медиумите! Жал ми е што требаше да ви наплаќаат 35% на хонорарите за да сфатите како собира арач режимот! На крај, жал ми е што сето ова моравте да го осетите и на ваш грб за да сфатите за што зборуваме и против што се бориме 9 години по ред! Ќе ми биде жал ако сега се откажете и ако не ја продолжиме уште посилно и пожестоко битката сите заедно! Битката не почнува сега, битката трае со години! Сега само мора да продолжи уште посилно и уште похрабро!”, вели на Facebook претседателот на СДММ, Стефан Богоев.