Богоев: Поздрав Пленумци, дали сега, дали во април, екстерното ќе се укине

Од:

Во Собранието денеска продолжи расправата за Предлог законот за измени на Законот за основно образование, поднесен од пратеничката група на опозициската СДСМ, која бара укинување на екстерното тестирање.

Стефан Богоев, пратеник од СДСМ, реплицирајќи и на Олга Најденовска од ВМРО ДПМНЕ, рече:

– Месец дена се плашите од соочување со ученици, студенти, наставници, родители. Месец дена се плашите од овие луѓе. Не се ова малку луѓе колешке. Не се воопшто. И вие и Владата во заминување се плашите, се тресете од овие луѓе. Затоа што се попаметни од Вас. Затоа што се поаргументирани од Вас. Затоа што се борат за вистинска работа, рече Богоев

На вчерашната расправа, Рената Десковска од СДСМ образложи дека бараат укинување на екстерното оценување, затоа што тоа, како што рече, не го мери знаењето на учениците, а наставниците ги става во нееднаква положба. „Целта на екстерното тестирање е да се одземе сигурноста на работното место на наставниците, да се држат во постојана зависност и несигурност“, рече Десковска.

Би можело да ве интересира

Зечевиќ од Летниот камп на СДММ: Членството во ЕУ е клуч за подобра иднина, отвора врата на безброј можности за младите

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Петковски: Заради ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска на Скопје му се случува она што и се случи на салата „Расадник“

Ана Ололовска

СДММ: Хуманитарна акција, спортски турнир „Млади и солидарни“ за помош на млади и деца со посебни потреби

Ана Ололовска

СДММ ја поддржува иницијативата на студентите, Белиот дворец да стане студентски дом

ВИДЕО: Подарок шахта и тоалет од младите на СДСМ за Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Анчевска: Историски најниско ниво на невработеност од 15.9 % невработеноста кај младите намалена на 29%

Ана Ололовска