Богоев на ИРИ работилница во Литванија

Од:

Претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), Стефан Богоев, во периодот од 20-ти до 22-ри јуни, ќе учествува на Работнилница во организација на Републиканскиот институт ИРИ, која се одржува во Вилнус, Литванија.

На работилницата ќе учествуваат голем број претставници од политички партии, невладини и тинк-тенк организации од Европа.

Ќе се дискутира на различни теми, ставајќи посебен акцент на современиот начин на водење на политичка кампања и подобрување на комуникацијата со избирачите.

Исто така, ќе има интерактивна дискусија за ментално мапирање и таргетирање на гласачите и трансформација на политичките организации кон нивните потреби и желби.

Предвидена е и дебата за потребата од балансирано известување на медиумите за програмите и политиките на политичките партии и нивното влијание не само во политичкиот, туку и во општествениот живот.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема