Богоев: Имаме држава за спасување, да се фатиме за работа

Од:

Претседателот на СДММ и пратеник од редовите на СДСМ, преку Фејсбук статус порачува дека завршува владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и дека е време да се спасува државата.

„Оние кои воведоа двојазичност со закон и ги амнестираа Хашките случаи, сега обвинуваат за албанизација и предавство!

Оние кои избркаа 200 000 млади од државата, сега ветуваат 10 000 вработувања!

Оние кои украдоа 5 милијарди евра, сега се фалат со инвестиции од 3 милиони евра!

Оние кои во снимките велат “А, да имаме војна”, сега велат дека и се спремало војна на Македонија!

Оние кои ги влечеа “циганите за уши на гласање” и велеа “некое ливче нека снема”, сега се жалат на изборен инжињеринг!

Оние кои нарачуваа прилози во “куртон вести”, сега се жалат на корупција и притисоци во медиумите!

Оние кои се финансираат од пари на граѓаните (крадејќи ги), обвинуваат дека опозицијата се финансира од странство! Доволно е дечки!!!

Ние овде нафта не пиеме!

Се што има почеток, има и крај. Вашето за жал траеше долго, но за среќа сега завршува!

Не сте херои, не сте патриоти! Ќе останете запаметени како криминалци кои за пари и моќ скоро ја урнаа државата и иселија стотици илјади граѓани!

Сега сите ние нормалните и чесните да ги засукаме ракавите и да се фатиме за работа. Имаме држава за спасување!“ стои во Фејсбук статусот на Стефан Богоев.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он