Богдановиќ: Зоран Поповски излезе со лажна изјава дека ПОЦ не врши уплата на комуналната такса на сметка на Буџетот на Општината

Од:

„На ден 11.05.2018 година, советникот во Советот на Општина Центар на ВМРО ДПМНЕ, Зоран Поповски излезе со лажна изјава дека јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје не врши уплата на комуналната такса на сметка на Буџетот на општината која изнесува 6,3 милиони денари или околу 100 илјади евра.

Ве известувам дека ЈП Паркинзи на Општина Центар годинава веќе започна со исплаќање на комуналните такси кои ќе бидат подмирени во најкус рок. Во изминатите години претпријатието не беше во можност да ги отплаќа таксите заради подмирување на долговите наследени од претходното раководство на ЈП ПОЦ и лошата соработка со тогашното Министерство за внатрешни работи кои го водеа луѓе на ВМРО-ДПМНЕ и кои одбиваа да соработуваат и да одговорат на барањата на ЈП ПОЦ потребни за негово непречено работење, а не како што наведува Поповски дека „ПОЦ“ работи со финансиска загуба што било основ за недомаќинско работење.

Пред 5 години, ЈП Паркинзи на Општина Центар беше претпријатие со проблеми и долгови, горд сум што успеавме да го направиме стабилно претпријатие кое успешно си ги сервисира обврските.

Повеќе од јасна е намерата на опозицијата што изјавува лаги и тенденциозно сака да нанесе штета на мојот углед и угледот на претпријатието преку објавување на неточни информации. ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја манипулира јавноста со лажни вести.

Барам овој Демант ВЕДНАШ да биде интегрално објавен онака како што е направено со клеветничката изјава. Истото важи и за медиумите кои ги имаат преземено и објавено лагите на советникот Зоран Поповски. Во спротивно ќе биде поднесена тужба согласно Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда“, се вели во демантот на градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, во врска со изјавата на Зоран Поповски, советник во Советот на Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања