Богдановиќ: Ќе преземеме итни мерки за намалување на загадувањето

Од:

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, заедно со својот тим, работи на реализирање на заложбите за чист воздух и „Зелен Центар“.

„Податоците за загадување на воздухот кој има последици врз здравјето бара итно преземање на чекори за да се ублажи овој проблем. Во општината се разработува и скенира состојбата со зеленилото, кое беше драстично намалено за поставување на стиропорни згради и споменици од проектот „Скопје 2014“, вели градоначалникот Богдановиќ.

Забрана за градење во овие месеци, вертикални зелени градини, Кула за прочистување на воздухот, се решенијата за подобрување на квалитетот на животот и заштита на животната средина.

Денеска на средба со ВД директорот на ПОЦ Вангел Андрески, се разгледуваше можноста за зголемување на цената на паркинг картата за да стимулираат граѓаните да го користат јавниот градски превоз, со што значително ќе се намали загадувањето.

Оваа одлука нема да важи за жителите на Центар, кои и натаму ќе ги користат сите поволности, но и за и сите кои работат во централното градско подрачје.

Се договара и и ослободување на тротоарите од паркирани возила, а проектот кој ќе значи поголема безбедност ќе започне да се реализира на улица „Орце Николов“ во Дебар Маало.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар