Бочварски и Тимоние разговараа за проектите што општина Штип ќе ги реализира

Од:

Денеска, во својот кабинет градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски оствари средба со амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристијан Тимоние.Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски го информираше францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние за идните проекти кои Општина Штип ќе ги реализира.

„Чест ми е што ги примив амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние и пратеничката во француското собрание, Лилјана Тонги. Разменивме мислења во делот на целокупната слика на Република Македонија, пред се во делот на развојот на Општина Штип и тоа што го правиме во овие први неколку месеци откако. Го запознавме амбасадорот и пратеничката со сите крупни капитални проекти коишто ги започнавме. Добивме поддршка да продолжиме вака да работиме, заедно со граѓаните“ – изјави градоначалникот Бочварски.

На оваа средба присуствуваше и пратеничката во француското собрание од владеачката партија во Франција, Лилјана Тонги. Оваа средба е една од низа средбите која покажува дека Општина Штип е отворена за секого и сака да учи од поголемите и поразвиени земји.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Тардиф: Мора да бидеме подготвени за руски шокантен напад врз НАТО

Трамп бесен на Франција и Италија: Ќе го запаметиме ова

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Мандон: САД станаа непредвидлив сојузник

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски