Бочварски очекува магистралниот гасовод да биде готов следната година

Од:

Изградбата на магистралниот гасовод Куманово- Штип- Прилеп-Битола е со 90 процентна реализација, а гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар има над 60 процентна реализација, соопшти денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Тој очекува двата крака да бидат готови следната година.

„Веќе подготвуваме и краци за поврзување на Свети Николе и Велес и уште еден крак за поврзување на Струмица која ќе се поврзе преку Бугарија“, изјави Бочварски при денешната посета на Штип.

Информира дека се прават преговори со Грција за крак оттаму со што заедно со кракот од Бугарија ќе има два крака преку кои ќе се напојува државата со овој природен енергенс.

Во тек е и постапка во Министерството за економија за избор на концесионер кој би ги гасифицирал градовите во државата.

Конкретно, општина Штип веќе има идеен проект и се привршуваат основниот и инфраструктурниот проект.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена