Бочварски: Ќе постапуваме по препораките од УНЕСКО за Охридскиот регион

Од:

Доколку некој нема волја да работи и да ги решава проблемите кои му се дадени во ингеренции од граѓаните на непосредни избори тогаш ќе ги преземеме сите чекори со цел статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО да не биде загрозен, рече денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, во одговор на новинарско прашање за нацрт-извештајот на УНЕСКО за состојбата со заштитеното природно и културно наследство на Охридскиот регион и препораката да биде впишан на Листата на светско културно и природно наследство во опасност.

Тој најави дека информацијата со препораките ќе биде разгледана деновиве на седница на Влада и на координација на ресорните министерства и локалните самоуправи.

– Се согласувам дека не треба да дозволиме да дојде последниот момент, извештајот е испратен, сега го разгледуваме, во комуникација сме и Министерството за култура ќе биде во комункација со УНЕСКО. Ќе постапуваме по препораките, а што значи тоа да постапуваме ќе видите во наредниот период, рече Бочварски.

Тој повтори дека Министерството нема можност да навлегува во ингеренците на општините во постапувањето по дивоградбите, но посочи дека со оглед на важноста на прашањето ќе се разгледаат сите опции.

-Посакувам ова да се реши преку меѓусебна координација на сите инстанци. Граѓаните бираат власти на избори, без оглед на тоа дали се локални или централни, за да им служат, доколку властите не ги почитуваат основните препораки секако овде е централната влада да ги преземе сите чекори, но нема да дозволиме загрозување на УНЕСКО, рече Бочварски.

Владата, наведе, останува фокусирана и посветена на заштита на Охридксиот регион и ќе ги преземе сите потребни чекори и мерки во насока на заштита на Охридското крајбрежје.

-Потребна е силна координација помеѓу централните локалните институции кои што имаат свои ингеренции во справување со одредени состојби како решавање на дивоградбите. Ние тука сме вклучени и даваме поддршка, кон крајот на минатата година издвоивме шест милиони денари за поддршка на Општина Охрид за решавање на дивоградбите, а во планот за оваа година преку наши средства од Министерството ќе работиме на решавање на урбанистичкиот план на охридското о крајбрежје со што му помагаме на Охрид да го реши урбанистички крајбрежјето и се она што е надвор од таа зона или влегува блиску до појасот на езерото ќе мора да биде веднаш отстрането. Ја даваме целата наша поддршка и ги опфаќаме сите аспекти, но овде е потребна силна координација на сите нивоа на власта. Ќе продолжиме со координација, ние деновиве ќе ја рагледуваме оваа информација и со ресорните министерства и со култура и на ниво на Влада, наведе Бочварски.

Тој информираше дека државата ги пренаменила парите за изградба на автопатот Струга-Требеништа и за експресниот пат Охрид-Пештани, со цел, како што рече, да не се доведеме во ситуација да го загрозиме статусот на Охрид во УНЕСКО. Во однос на железничката пруга Кичево-Лин првата делница е целосно одбрена и нема никави забалешки од УНЕСКО, а за втората делница вети дека ќе се работи на зебелешките да се измести трасата со цел од Радожда до Струга да не се направиме некаков проблем во изградбата на пругата.

-Остануваме фокусирани и ќе бидеме во целосна координација и со цел да не дозволиме и ќе направиме се без оглед на тоа која институција станува збор ќе направиме се он наша страна да не се изгуби овој статус од УНЕСКО, рече министерот за транспорт.

Во нацрт-извештајот на УНЕСКО е образложена итноста за заштита на Охридскиот регион, а како забелешки се посочени проблемите со дивоградбите, заштитата на биодевирзитетот, управувањето со заштитните подрачја, справувањето со депониите и отпадот како и нефункционалноста на колекторот.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Стоилковски: Непотизам во Охрид, роднината на Зечевиќ главен кадровик на СДС во општината

Катерина Ѓуровски

Ученици од прва до четврта година принудени да плаќаат за наметки и капи за матурантите

Орце Костов

Левица: Јавните претпријатија повторно во загуба иако ги покачија цените врз грбот на охриѓани