Бочварски избран за ко-претседавач на Делегацијата на Македонија на Заедничкиот консултативен комитет со Европската Унија

Од:

Денеска во просториите на ЗЕЛС се одржа првиот состанок на членовите на Делегацијата од Република Македонија кои ќе учествуваат во работата на Зaедничкиот консултативен комитет (ЗКК) со Европската Унија. Делегатите се запознаа со начинот на работа и значење на ЗКК, како и со реализираните и идни програмски активности.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, е именуван за ко-претседавач во име на Делегацијата од Република Македонија што ќе учествува во работата на Заедничкиот консултативен комитет со Европската Унија, претставуван преку Комитетот на региони.

Работата на ЗКК ја водат двајца ко-претседавачи, од кои, од страна на Република Македонија е избран Благој Бочварски, градоначалник на Општина Штип. Во име на Делегацијата од Комитетот на региони на Европската Унија, ко-претседавач е Јасна Габриќ, градоначалничка на Општина Трбовље, Словенија.

Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Европската Унија, претставуван преку Комитетот на региони, третира различни теми од области за кои ингеренции имаат локалните власти, меѓу кои можности за искористување европски фондови, рурален развој, енергетска ефикасност, децентрализација, живтона средина и сл. Делегатите на ЗКК можат и да разменуваат мислења околу годишни извештаи за напредокот на Република Македонија кон ЕУ, објавени од Европската комисија.

Би можело да ве интересира

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Притворен е раководител на образовен центар во Штип, допираше по телото ученички

Горан Наумовски

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан во Штип

ВИДЕО: Вандализирано најголемото штипско училиште „Ванчо Прќе“, наставата прекината

Катерина Ѓуровски