Бочварски: Гоце Делчев бил човек кој не знаел за национализам, шовинизам и слични зла

Од:

Градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски на чествувањето на роденденот на Гоце Делечв изјави дека тојго изразувал слободарскиот дух во разбирањето на светот како поле за културен натпревар на народите.

– Во тој дух Република Македонија и денес ја продолжува и одржува својата позција на независна и суверена држава. Република Македонија денес, како мирољубива држава во Европа, својата надворешна политика ја гради врз Повелбата на Обединетите нации: јакнење на меѓународниот мир и безбедност, развивање на економската соработка и заштита на човековите права, како предуслови за побезбеден и праведен свет за сите. Внатре, фокусирани сме на она што ги зближува граѓаните, на нивните заеднички интереси, рече Бочварски.

Градоначалникот додаде дека Гоце Делчев се залагал за еднакво општество за сите, а со својата револуционерна дејоност и посветеност тој ги надминал тесните рамки на националната слободата и излегол со својот хуманизам и космополитизам.

– Гоце бил човек кој не знаел за национализам, шовинизам и слични зла. Тој е човек од кого можеме многу да научиме. Го следиме неговиот пример и градиме општество за сите во кое културите ќе соработуваат, ќе се надополнуваат и меѓусебно ќе се збогатуваат, рече Бочварски.

Би можело да ве интересира

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово

Убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид бараат невладите организации

(ВИДЕО) Бочварски: ДПМНЕ неосновано ја обвинуваше СДСМ за изградба на коридорите