Блокадата на преговорите со ЕУ беше многу нефер, порача Заев од Лондон

Од:

Премиерот Зоран Заев запрашан за блокадата на францускиот претседател, Емануел Макрон, во октомври, за ЕУ преговорите со Северна Македонија повтори дека оваа одлука предизвика големо разочарување за македонските граѓани.

Заев ова го изјави во рамките на конференцијата „НАТО се ангажира“ на маргините на лидерскиот самит на НАТО кој се одржува утре во Лондон.

-Ова беше многу нефер за нас, ние сме кандидати за ЕУ петнаесет години, сите 28 земји членки потврдија во Советот на ЕУ дека сме ги исполниле реформите, најдовме решение со Грција и Бугарија, го сменивме нашето уставно име и одлуката дека на ЕУ и е потребно повеќе време беше многу дестабилизирачка за нас, многу бевме разочарани, но ние продолжуваме со реформите и се надевам дека оваа грешка ќе биде поправена многу скоро, изјави Зоран Заев.

Тој и се заблагодари на Полска и на другите земји од Вишеградската група за нивната поддршка на реформскиот пат кон ЕУ и НАТО.

-Полска е една од земјите кои највеќе нѐ поддржаа да ги решиме не само билатералните спорови, туку и да изнајдеме решенија со Бугарија и Грција, таквата политика од сите земјите од Вишеградската група е добар пример за нас, тие го споделија нивното искуство со нас, изјави премиерот во Лондон.

Премиерот Заев заедно со министрите Шеќеринска, Димитров и вицепремиерот Османи учествува на самитот на лидерите на земјите членки на НАТО кој формално се одржува утре. На маргините денеска се одржуваат билатерални средби како и конференцијата „НАТО се ангажира“.

Северноатлантската алијанса оваа година одбележува седумдесет години од своето постоење во контекст на длабоки несогласувања помеѓу Турција, Франција и САД.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Горан Наумовски

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

ЕУ го презема првиот чекор против САД: Клучниот договор со Америка е суспендиран

„Фајненшл тајмс“: ЕУ подготвува одмазда против САД

Европските „осум“ моќни држави ѝ порачаа на Америка: Вашите закани би можеле да доведат до опасна ескалација

ЕУ подготвува санкции против САД поради Гренланд