Близу 3.000 возачи казнети за четири дена околу Нова година

Од:

Во текот на празнично продолжениот викенд Министерството за внатрешни работи евидентирало вкупно 2.987 сообраќајни прекршоци, дури 1571 возеле над дозволеното, а од нив вкупно 100 лица управувале со возилото со над 70 километри на час од пропишаната дозволена брзина.

Како што информираат од МВР дополнително во сообраќај биле затекнати 150 нерегистрирани возила, потоа, 243 лица не поседувале возачка дозвола за возилото со кое управувале, а 205 управувале со возилото под дејство на алкохол.

-Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли и во наредниот период. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и зааеднички да придонесеме за безбедност на улиците и патиштата, стои во соопштението од министерството.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски