Близу 200 казни за возачи во Скопје

Од:

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе зајакнати контроли со цел санкционирање на прекршоците на учесниците во сообраќајот, информираат од МВР, преку соопштение.

При контрола на брзина на движење на моторни возила, утврдено е дека 51 возач ја пречекориле брзината во населено место и тие се соодветно санкционирани. Откриени се и 59 останати прекршоци, кои исто така соодветно се санкционирани.

При спроведена контрола за прекршоци што ги чинат возачи на мотори беа откриени 17 прекршоци, кои се соодветно санкционирани. Исто така беа откриени уште 51 останати прекршоци.

Исто така беше спроведена контрола за непрописно престигнување, при што преземени се шест мерки. Откриени се и 13 останати прекршоци.

Би можело да ве интересира

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол