Близнаковски бил приведен поради закани кон советничката што премина во ВМРО-ДПМНЕ?

Од:

Доцна синоќа во просториите на ВМРО Народна партија во Велес, координаторот на изборната единица 3 и член на Извршниот одбор на ВМРО Народна партија, Слободан Близнаковски, упатил вербални закани кон советничката во општина Велес Рајна Стојанова, пишува Прес24.

Советничката уште на првата седница на советот на општина Велес премина од редовите на коалицијата „Сојуз за иднината“ во редовите на владеачката коалиција.

Советничката била жртва на закани уште претходниот ден кога освен Близнаковски, во нејзиниот дом и се заканувало и лицето Зоран А.

Полицијата, според извори на Прес24 против двајцата ќе поднесе кривични пријави.

За апсењето синоќа преку соопштение известија од ВМРО-НП.

– ВМРО-Народна партија реагира на ваквиот однос од страна на полицијата и бараме да се однесуваат според законските обврски и да ги почитуваат загарантираните човекови права, стоеше во краткото соопштение на ВМРО-НП.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска