БЛИЦ: Посетете го македонскиот Свети Стефан

Од:

Доколку не го искористивте летниот одмор, или Ви е потребна уште една кратка воздишка од работните обврски, Охрид во неомври е вистинскиот избор за Вас – препорачува српски Блиц во денешното интернет издание.

Македонскиот Свети Стефан, бисерот на Македонија и целиот Балкан, како што го нарекуваат, е град богат со историја и манастири, и е една од колевките на православната духовност.

За нашите туристи, констатира српскиот сајт, некогаш Охрид беше многу популарна дестинација, а во последните години се чини малку подзаборавена. Сепак се повеќе вљубеници во патувањата се враќаат на оваа прекрасна локација, па доколку до сега не сте ја посетиле, ви препорачуваме и вие тоа да го сторите – им се обраќа уредништвото на Блиц на своите читатели.

Прекрасното езеро е преубаво како за млади, кои таму ќе најдат безброј места за забава, така и за семејствата со деца, кои на Охрид ќе најдат совршено место за одмор. Охрид е идеален – пишува Блиц, бидејќи за секого може да се пронајде по нешто и никој нема да си замине дома не задоволен.

Во промотивниот прилог на Блиц, на српските туристи им се нуди и сместување за патувањата кои се предвидени во текот на целиот ноември.

Би можело да ве интересира

Нестабилноста на Блискиот Исток ја забавува турската летна сезона и ги пренасочува туристите кон ЕУ

Бројот на туристи во Грција зголемен за 38 отсто во споредба со лани

A1on

Влатко Сулев: Туризмот е најдобриот амбасадор на нашата култура и традиција

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски