Блажески до ВМРО-ДПМНЕ: Барам јавно извинување за ставање на моето име во погрешен контекст

Од:

Поранешниот шеф на кабинетот во министерството за здравство, Дејан Блажески реагира на денешната прес-конференција на Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема да дозволам моето име да се користи за дневно политички поени, посебно од партија која нема никакво морално право да зборува за лоши реформи и криминал. Граѓаните се уште го паметат вашиот пулен-Министерот за смртност и пустошот што го оставивте во здравството.

Моите одлуки се темелат исклучиво врз принципи и професионализам, нешто што во ДПМНЕ не можете да го разберете. Моите коментари за здравствените политики ги доживувавам како општествена одговорност, а компетентноста за нив ја црпам од моите научни истражување како доктор на науки од областа на примена на менаџментот во здравството.

За крај, барам јавно да се извините за ставање на моето име во погрешен контекст, без грам срам и аргументи на вашата денешна прес-конференција споменувајќи за некаква си потврда од моја страна. Доколку не го направите тоа, ќе бидам приморан да посегнам по сите правни механизми кои ми се на располагање“ се вели во реакцијата на Дејан Блажески.

Би можело да ве интересира

Блажески: Природните непогоди не се место за политички популизам

Наум Локоски

Блажески: Некадри пишувачи за еден пијалок, арам нека ви се парите

Наум Локоски

(ВИДЕО) Блажески до ВМРО-ДПМНЕ: Сакате Рената Дескоска да дојде и да ви ги реши имотно-правните односи?

Наум Локоски

(ВИДЕО) Блажески: Мијалков бараше 10.000 евра за клевета, локалните функционери го следат примерот

А1он

Блажески до ВМРО-ДПМНЕ: „Ново-старо“ раководство и невиден политички аматеризам

Ана Ололовска

Блажески: Дали е моралнo новиот координатор на ВМРО-ДПМНЕ да слави во болница?

А1он