(ВИДЕО) Блажески до ВМРО-ДПМНЕ: Сакате Рената Дескоска да дојде и да ви ги реши имотно-правните односи?

Од:

Предлог одлуката за исплата на долгот на ОУ „Григор Прличев“ кон ЕВН Македонија за потрошена електрична енергија, на денешната, 71-ва седница на Советот на општина Охрид, предизвика долга расправа, со многу меѓусебни обвинувања.

Советникот од опозицијата Дејан Блажески, во своето обраќање упати остри критики кон советниците од ДПМНЕ, за како што рече, нивниот двоен морал во излагањата и постапувањата.

„Ќе Ве прашам, како не ви е непријатно за тоа што носевте луѓе во притвор, сега токму вие да го одобрувате работењето со блокирана сметка. Кажете како работи ОУ „Григор Прличев“ со блокирана сметка? Кажете дали тоа значи дека голем дел од обврските ги исплатува во готовина? Како не Ви е непријатно да барате помош од министерката за образование Дескоска, која раководи само петнаесетина дена, а во изминативе четири години ниту еднаш не побаравте помош од поранешниот министер? Вие, искрено, не ги познавате ниту ингеренциите, ниту прописите“, рече Блажески.

Блажески упати и порака до сите, како што рече поранешни режимски медиуми. Секретарот Спасески побара од Блажески да се извини. Советникот го прифати предлогот и рече:

„Се извинувам за тоа што земате 900.000 денари за клипови од неколку минути, се извинувам за тоа што пишувате текстови со националистичка содржина, а за тоа ве вработуваат во општината. Се извинувам за тоа што не можам да разберам какво дно сте. На останатите медиуми им честитам за професионализмот и истрајноста“, заврши Блажески.

Советниците од опозицијата обвинија дека за 4 години не се решил проблемот со блокираната сметка на „Григор Прличев“ и дека немаат доволно информации за преговорите за одблокирање на сметката.

Градоначалникот Никола Бакрачески, потенцира дека иако станува збор за долг кој датира од пред повеќе од две децении, поради достасаните судски решенија, на неговото решавање се работи постојано во изминатите три години, се со цел да се овозможи непречено работење на основното училиште.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство