Блажески: Природните непогоди не се место за политички популизам

Од:

Реакција на ОО ЛДП-Охрид за пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ кој ги отвори вратите на Собранието на крвавиот четврток кој излезе со став за нанесените штети од земјотресите врз туризмот. Еве што стои во реакцијата:

„Насочувачот на насилниците низ Законодавниот дом нема никакво морално право да бара помош за охриѓани, ниту пак да зборува за нанесени штети врз туризмот, ако се има предвид дека токму тој и неговиот колега со нивното однесување ја спроведоа најлошата препорака за туризмот, а тоа е безбедноста.

„Пратенику” за кој сметаме дека треба да Ти биде одземен имунитетот, мора да знаеш дека природните непогоди не се место за политички популизам. Уште повеќе, мора да знаеш дека во светот многу туристички атракции имаат сериозни природни катастрофи, но најголемата штета на туризмот ја прави (не)безбедносната состојба во земјата. За разлика од Вас, сметаме дека земјотресите се природна непогода за која никој не е виновен. Граѓаните ќе бидат обештетени, но Вие намалете со употреба на плеоназми (спој од повеќе зборови од кои повеќето се сосема непотребни) и побарајте си соодветна правна заштита. Во медицината истиот израз има многу поинакво значење, на пример зголемен број прсти на екстремитетите. ЛДП повикува на што е можно побрзо покренувања обвиненија и колку што е можно поефикасно спроведување на правото и правдата“, стои во реакцијата на советникот на ЛДП од Охрид, дејан Блажески.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство