Се сеќавам, кога пред неколку години ја донесе Ружин во партија. Ја претстави како големина. Рече: Еден квалитет како Солза мора да биде коптиран во Извршен одбор. Веднаш одржа и прес-конфернција. Бев еден од неколкуте кои реагираа дека и за Солза треба да важат скалилата и демократијата.
Лажеш Солза, лажеш. Ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека гајбето и бурето се мостот кој ќе те донесе до некоја удобна фотеља. Плачлива, ти си посткомунистички деградационен продукт чиј мозок во моментов не е атакиран од патриотизам, туку само и само од гола желба за власт. Уморни сме од тебе Солза.
Оди си денес порано дома. Соблечи ги панталоните позајмени од некоја класична средновековна жена. Заврти кај Роза и Буралиева.
Покани ги на кафе. Уклучете компјутер и слатко изнасмејте се на сето ова што го правевте изминатиов период. Смејте се како возрасни жени кои гледаат сопствен албум од нивната матурска вечер. Наздравете со по еден пијалок и речете си :-Доста се глупиравме….
Солза, тој народ на кој му се обраќаш живее од гајби и буриња. Жално е што ти дозволуваат да им уринираш над глава. Да не ти требаат како публика, ни добар ден не би им кажала.Солза, бегај и не зборувај за бебиња од епрувета. Ти си неважна како неуспешна инсеминација наспроти ин витро фертилизација.
Дејан Блажески