Блажески: Оставки од пратениците од ДМПНЕ, Василевски и Арнаудов

Од:

Дејан Блажески, советникот од Охрид, бара оставки од пратениците на ДПМНЕ, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов.

Еве што стои во барањето на Блажески:

Како долгогодишен учесник во политичкиот живот во Охрид и претседател на политичка партија, барам од пратениците на ДПМНЕ, г-дин Сашо Василевски и г-дин Љубен Арнаудов веднаш да си поднесат оставки како претставници на граѓаните од Охрид во законодавниот дом. Имено, по вчерашните снимки неоспорно е несоодветното однесување на пратениците на ДПМНЕ од Охрид. Охридската јавност е згрозена од постапките на гореспоменатите.

Повеќе од јасно е дека за ова покрај правната имаат и морална одговорност кон своите сограѓани заради нарушување на угледот и дигнитетот на гласачите, како и нарушување на угледот на градот. Овие избрани лица, во најмала рака ,мора да поседуваат кодекс на однесување, а да не зборуваме за насилно дејствување или потикнување.

Меѓу другото, барам од надлежните служби од Општа Болница – Охрид да поведат дисциплинска постапка за Василевски и Арнаудов, затоа што повеќе од јасно е дека лекарот нема работно време, напротив тој секогаш е лекар, па дури и тогаш кога му е замрзнато работното место. Сметам дека сериозно е прекршена Хипократовата заклета , од причина што овие двајца лекари наместо да даваат прва помош на повредените, тие даваа инструкции на насилниците како побрзо да стигнат до метите на нападот.

За потсетување Блажески пред три години за Сашо Василевски напиша: Не гласајте за луѓе без лекарска етика!

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ