Благодарници за пожарникарите кои помогнаа на настраданите во несреќата кај Ласкарци

Од:

За покажаната храброст и укажаната несебична помош на настраданите во сообраќајната несреќа кај селото Ласкарци, на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје градоначалникот Петре Шилегов денеска им додели благодарници, соопштија од Град Скопје.

„Шилегов денеска им врачи благодарници на пожарникарите Владимир Симоновски, Владимир Кочовски, Цане Пројчевски и Рашо Рожајац коишто беа меѓу првите што укажаа помош на местото на несреќата на автопатот Скопје – Тетово“, велат од Град Скопје.

Веднаш по информацијата за случената стравична несреќа на патниот правец Скопје – Тетово, во близина на селото Ласкарци, екипи на Противпожарната бригада интервенираа на терен со повеќе возила и помагаа во извлекувањето на настраданите патници во автобусот.

Минатата недела Советот на Град Скопје донесе одлука со која како израз на солидарност кон семејствата на загинатите и на повредените во оваа сообраќајна несреќа, на секое семејство кое загуби свој член ќе додели парична помош од 100.000 денари во нето износ, а на повредените по 30.000 денари.

Би можело да ве интересира

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски