Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

Од:

Српската јавност вчера беше потресена од веста за тешката сообраќајна несреќа во која загина Татјана Јечменица (47), позната српска тенисерка.

Сообраќајната несреќа се случила околу 20:54 часот во Србија.

Судирот помеѓу патничкото и товарното возило беше силен, а џипот во кој беше тенисерката е целосно смачкан. Противпожарни екипи од Кошутњак, Железник и Раковица пристигнале на местото на настанот во 21:16 часот и пронашле две лица заробени во возилото.

Пожарникарите успеаја да го извлечат нејзиниот сопруг, но Татјана Јечменица, почина за време на спасувачката акција.

Татјана Јечменица беше истакната личност во светот на српскиот тенис, и како играч и како тренер.

За време на нејзината професионална кариера, Татјана Јечменица играше на сите четири Гренд слем турнири. Нејзиниот најдобар резултат на Гренд слем турнирите беше пласманот до второто коло на Ролан Гарос во 1996 година.

Својот најдобар пласман на светската ВТА листа го постигна во 1996 година, кога беше рангирана на 72-то место во поединечна конкуренција и на 84-то место во двојки.

Откако се пензионираше од теренот, таа остана во спортот.

Во 2005 година, таа стана селектор на тогашната репрезентација на Србија и Црна Гора за Фед Купот, позиција на која работеше една година пред да поднесе оставка.

Подоцна работеше како тренер по тенис и беше сопственик на тениското училиште „Јечменица“ во Нови Сад.

Нејзиниот сопруг беше префрлен во болница во критична состојба. Тој претрпе тешки повреди на градниот кош, а лекарите го ставија во индуцирана кома додека се борат за неговиот живот.

Би можело да ве интересира

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница