Благо покачување на водостојот на реките

Од:

Врнежите кои паднаа изминатото деноноќие предизвикаа благо покачување на водостојот на реките низ земјава.

– Иако во некои од речните сливови, река Треска и река Црна, и во текот на денешниот ден се очекуваат мали зголемувања на водостоите, не се можни излевања на реките и нема опасност од нивно поплавување, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Од утринските мерења најголеми вредности на водостоите се бележат на станиците на река Вардар кај Радуша (167), Демир Капија (162) и Јегуновце (150).

Податоците на УХМР покажуваат дека во однос на февруарскиот просек, нивото на Вардар кај Јегуновце е зголемено речиси двојно, а покачено е и кај Скопје-Зајчев Рид, Велес и Демир Капија.

Значително е зголемено во однос на просекот во февруари и нивото на Пчиња кај Катлановска бања, има покачување и на Сатеска кај Ботун, а под просекот се Црна Река кај Новаци и Црн Дрим кај Ложани.

Кај водостоите на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро нема значителни промени споредени со просекот за овој месец од годината.

Би можело да ве интересира

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јуни

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридско Езеро, Преспанско под апсолутниот минимум

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Намален водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска