Бизнисмен од Кочани доби кривична пријава, градел без дозвола во охридското село Косел

Од:

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Д.(45) од Кочани и правно лице од Зрновци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

„Пријавениот, на катастарска парцела во охридското село Косел, како сопственик-управител на правното лице и инвеститор на градбата, без одобрение за градба издадено од надлежен орган, изградил
бетонски објект со темели, столбови и плоча,“ се вели во соопштението од МВР.

По извршен инспекциски надзор од страна на Градежна инспекција при Општина Охрид, донесено е Решение за
отстранување на градбата, додаваат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Во 2025 година никнале 911 дивоградби

Катерина Ѓуровски