Бизнис партнери и осомничени во „Делчевски ниви” си делат тендери во МРТВ, обвинува Левица

Од:

Откако Левица обзнани дека во јавниот сервис МРТВ огромни суми средства се излеваат за приватни продукции под сомнителни услови, денес објавуваме шема на тендер каде директно се инволвирани фирми на обвинети во случајот „Делчевски ниви”, велат од Левица.

Во случајот „Делчевски ниви”, две лица (покрај останатите) се јавуваат како обвинети: Дарко Ќурчиски и Орце Тодоровски. Токму лицето Дарко Ќурчиски, преку фирмата „АЛ ДАРИВ Дооел Пехчево” во 2023 година добива тендер од 600.000 денари за набавка на прозори од МРТВ. Скандалозното е што во МРТВ долги години на високи позиции фигурира Орце Тодоровски, кој со Ќурчиски се заедно обвинети во случајот „Делчевски ниви”. За силните партиски врски говори и фактот што токму Орце Тодоровски е и поранешен партнер во бизнисот со хидроцентрали со Мицкоски.

Дополнително, освен што ги поврзува контроверзната препродажба на ниви, Дарко Ќурчиски и Орце Тодоровски заеднички ја поседуваат бензиската пумпа „ОИЛ ДЕ” во Делчево. Односно, јавниот сервис МРТВ – каде на високи раководни позиции фигурира Орце Тодоровски – дели тендер на неговиот бизнис партнер Дарко Ќурчиски!

Дали обвинителството, за кое министерот Тошковски не штеди пофални зборови, има намера да поведе постапка за судирот на интереси и влијание при делење тендери меѓу двајца бизнис партнери?! Со јавниот сервис МРТВ раководи директорот Марјан Цветковски, поставен уште далечната 2012 година, при владеењето на Груевски. Како никоја друга институција, се чини дека партиските корени пуштени во радиодифузниот сервис не можат да се искоренат цели 13 години.

Случајот „Делчевски ниви” пропадна под сомнителни околности, со промена на исказ на повереникот во ЕВН, за кој во јавноста се шпекулираше дека е поставен токму од СДС. Односно, и овој коруптивен скандал остана нерасчистен поради очигледни договори помеѓу двете криминални партии – ДПМНЕ и СДС. Се чини дека обвинетите лица во „Делчевски ниви”, кои важат за блиски до Мицкоски, шемата за цедење државни пари успешно ја пресликуваат и во јавниот сервис.За министерот Тошковски правдата е слепа кога треба да се истражуваат фирмите и лицата блиски до Мицкоски, па затоа ниту една институција не се осмелува да го расветли криминалот во МРТВ, каде раководат партиски послушници од неговата партија, се вели во соопштнието од Левица.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови