Битолското обвинителство поведе постапки против десет лица за непочитување на полицискиот час

Од:

Битолското обвинителство поднесе постапки против десет лица кои не ја почитувале одлуката за забрана и посебен режим на движење на територија на државата, донесена како мерка за сузбивање и спречување на коронавирусот.

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, обвинетите во одделни кривично правни настани, се товарат дека за време на полицискиот час, се движеле низ Битола пеш или со возило. Со тие дејствија не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата.

– Заради стореното кривично дело, Основното јавно обвинителство Битола побара од Судот на обвинетите за стореното кривично дело да им определи парична казна во износ од по 100 дневни глоби, при што вредноста на секоја дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on