Основниот суд во Битола донесе пресуда против еден базен во градот поради директна дискриминација на еден Ром со тоа што не му дозволил влез на базенот во летото 2017 година поради неговата етничка припадност. Судот му нареди на базенот „Довлеџик“ да ја прекине практиката за одбивање влез на базенот за Роми и исплата на отштета во висина од 60.000 денари (977 евра) за Фикри Јашаров, 37-годишниот Ром шѓто го тужеше базенот со поддршка од Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР), соопшти здружението.
Обезбедувањето на базенот им кажало на Фикри и на уште еден Ром, кој бил со него, дека не може да влезат на базенот бидејќи имале упатства да не пуштаат Роми. Истото лето ЕЦПР организира тестирање за дискриминација во кое беа вклучени шестмина Роми и четворица нероми, а подоцна резултатите од ова тестирање беа поднесени до судот како доказ. Притоа, на сите лица што не се Роми им било дозволено да влезат на базенот, а на сите Роми им бил забранет влез.
„Во исто време се почувствував и разочаран и понижен“, рече Фикри за инцидентот. Тој не бил изненаден од ставот на обезбедувањето поради широкораспространетата дискриминација во Битола против нас Ромите. Оваа пресуда вели дека Ромите не смеат повеќе да бидат дискриминирани и, се разбира, таа ќе има позитивен ефект за нас Ромите во Битола“.
ЕЦПР поведе нов случај пред судот во Битола со аргументи од тестирањето со кое се докажува дека базенот ја дискриминира целата ромска заедница во градот. Во моментот се чека судот да донесе пресуда во овој случај.
„Во Европа на Ромите рутински не им се дозволува пристап до јавни простори, рече Ѓорѓе Јовановиќ, претседателот на ЕЦПР. „Речиси секој Ром со кој зборувате има исто искуство кога му било кажано дека не може да биде некаде поради неговата етничка припадност. Политиката ‘без Цигани’ многу често станува норма по пабови, паркови, болници, супермаркети или базени и е еден од највидливите изрази на антициганизмот. Пресудите како оваа се важни за да се оспори расистичката идеја дека ние Ромите не припаѓаме во овие места“.