Бишевац: Со фашизоидни одредби власта малтретира секого кој не мисли со слободна глава

Од:

Дополнетиот предлог на закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета, повторно го вжешти собранието.

Власта тврди дека со овој закон се заокружува процесот на декриминализација на клеветата и навредата и е во согласност со европските директиви и во контекст на слободата на изразување и на медиумите.

Опозицијата обвинува дека  законот е лош и фашизоиден,  вкупните глоби за новинарот, уредникот и сопственикот од 27.000 евра се превисоки и се воведува цензура и во делот на интернет медиумите со членот 11 од текстот.

Заменик-министерот за правда Билјана Бришкоски Бошкоски изјави дека основната цел на законот е да ја гарантира слободата на изразување и информирање, како еден од битните услови на демократското општество и основен двигател на развојот и напредокот во општеството.

Во законот е пропишана заштита на изворот на информации, одговорност на новинарот, уредникот и сопственикот, односно правното лице.

За опозицијата спорен е членот 11 од законот за, како што стои во предлог-текстот, одговорност на електронската публикација. Со овој член се предвидува уредникот на електронската публикација да презема одговорност, заедно со авторот, за надоместување на штетата која произлегува од овозможување пристап до навредливи или клеветнички информации.

„Со овој член власта ќе се справува со своите неистомисленици на социјалните мрежи, а терминот уредник на електронска публикација не постои кај нас така што судиите нема да има кого да казнат“, рече Јани Макрадули.

Изет Зеќири од НДП смета дека со членот 11 од законот се воведува цензура .

„Целта на членот 11 е да се изедначат конвенционалните медиуми и интернет изданијата кои функционираат како медиуми. Пратениците од опозицијата, според него, посочуваат само на максималните глоби, но тие, како што истакна тој, може да бидат симболични и да изнесуваат едно евро“, рече Александар Николовски.

Медиумите не смеат да бидат полтрони на власта, укажа опозицијата.

 
„Нема да им текне да кажат дека 40-тина деца смрзнале денеска чекајќи го премиерот. Под контрола се сите медиуми. Во Сител, Канал 5 и МТВ не мислат што ќе објават, таму ќе објават се што ќе им пренесе директорот на Центарот за лаги и комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. Проблем се неколкуте слободни медиуми или медиуми што мислат со своја глава. За нив се носи законот,  за да не размислуваат со своја глава, затоа има такви драконски казни. Јамка околу вратот се става на сите кои мислат поинаку. Ова е фашизоидна одредба. Политички малтретираат се што не мисли како нив“, рече Сафет Бишевац.

Поради немање кворум, законот ќе се гласа во понеделник.

 

 

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски